Бабиш: Чешка може да започне со употреба на руската вакцина без одобрение од ЕМА

Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска изјави дека земјата може да започне со употреба на руската вакцина „Спутник V” и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА).

Бројот на случаи на коронавирус во Чешка се зголеми во последните неколку недели, така што земјата сега е рангирана меѓу најлошите во светот според бројот на инфекции и смртни случаи од Ковид-19, пишува „Гардијан”.

Бабиш на 10 февруари рече дека Чесите ќе почекаат одобрување од ЕМА пред да започнат да ја користат вакцината.

Исто така, се очекува до средината на март Франција да обезбеди 100.000 вакцини од „Фајзер/БиоНТек”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот