19.8 C
Скопје

Бабиќ: Вардар заслужено победи, менталниот и физички умор си го стори своето

Тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ, вели дека неговиот тим заслужено е поразен во дербито но и разликата од осум гола не е вистинско мерило за квалитетот на двете екипи.
– Заслужена победа на Вардар, имаа повеќе енергија, можеби и поголем квалитет во одредени моменти. Ама верувам дека и покрај квалитетот, ние енергетски паднавме и имавме кратка ротација. Емотивно доста бевме испразнети и сигурно дека една од причините за лошата игра е и менталниот и физички умор. Имавме многу натпревари за нас и посебно за нашите млади играчи тоа не е лесно. Очекувањата се големи, од моја перспектива денес потонавме поради притисокот од самиот меч. Сигурно е дека разликата не е толаква каква што е меѓу двата тима, ама тоа е спортот. Ова е само еден меч, заслужена победа за Вардар и има уште многу да се игра. Треба ментално да се вратиме по овој пораз – изјави Бабиќ.

Моќен Вардар, убедлив триумф на „црвено-црните“ во дербито против Е. Пелистер

 

Поврзани вести

Франција има една победа на ЕП, но и натаму е најголем фаворит за шампионската титула!

Слободен печат

Класика на „Вембли“: Ги дознавме сите осминафинални двојки на Европското првенство!

Слободен печат

ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

Слободен печат

Клуб од шпанската „Ла Лига“ со интерес за Дарко Велковски!?

Слободен печат

Ја победија само Македонија – Украинците се најголемите „среќници“ на Евро 2020!

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ „гази“ и во двојки, крај за првите носители на турнирот во Мајорка!

Слободен печат

Остави Коментар