Бабиќ: Се радувам на дуелот со Рајн-Некар Левен

фото: Е. Пелистер

Ракометарите на Е. Пелистер денеска тргнаа кон Мајнхајм каде утревечер ги очекува пресметка со Рајн-Некар Левен во Лигата на Европа. Германскиот тим во овој натпревар влегува како фаворит, но тренерот на битолчани Жељко Бабиќ се радува на дуелот со Рајн-Некар Левен бидејќи нема да има резултатски притисок.

– Бевме„ под корона“ во минатиот период, но мене не ме загрижува падот во вториот дел од натпреварот против Кадетен Шафхаузен. Тоа е нормално. Игравме добро во првиот дел, водевме, но потоа паднавме физички и не издржавме. Момците дадоа што имаа, но нетренирањето и коронавирусот оставија трага. Што се однесува до натпреварот во Германија, Рајн Некар Левен е фаворит, силна екипа и лидер во Бундеслигата. Но, јас се радувам на натпреварот, нам ни е страшно важно да играме, не треба да заборавиме дека сме потполно во контра ритам. Немаме натпревари, не трениравме и нам сè ни е добро, без разлика што Рајн Некар Левен е силен тим. Се надевам дека ќе одиграме како и секогаш цврста одбрана. Притисокот мислам дека нема врска ни за нас, ни за нив. Треба да бидеме опуштени за да го дадеме максималниот потенцијал. Но, верувам дека притисокот нема врска и секој ќе го даде максимумот – смета Бабиќ.

Еурофарм Пелистер досега одигра два натпревари во Лигата на Европа и поради има минимален пораз од Гог Гудме (30:29), како и несреќно реми на домашен терен против Кадетен Шафхаузен (25:25).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот