Бабиќ: Мечот со Требње доаѓа во ситуација која за нас не е најдобра!

фото: РК Е. Пелистер

Еурофарм Пелистер денеска во спортската сала „Боро Чурлевски“ го очекува нов натпревар од Лигата на Европа против словенечкиот претставник Тримо Требње.

Битолчани загубија на првиот дуел на гости во Љубљана, а тренерот Жељко Бабиќ најавува дека екипата ја научила лекцијата.

– Направивме добра анализа на натпреварот во Словенија, го вративме победничкиот менталитет и верувам дека оваа ситуација е одлична за цел тим и за цел клуб. Стресот ни е неопходен и ова ќе биде тест за мене и за целата екипа. Треба да видиме дали може да играме против стресот и притисокот и да го добиеме овој натпревар. Овој дуел доаѓа во вистинско време и длабоко верувам во овој тим и во неговите квалитети. Во Словенија не го покажавме нашето право лице. Постојат и причини за тоа, но нема потреба да се навраќаме на тоа. Имаме стрес, притисок и јас се радувам на натпреварот – вели Бабиќ.

Маџовски: Потребна ни е една победа за враќање на самодовербата

Еурофарм Пелистер само еднаш играше оваа полусезона во Битола и ремизираше против Кадетен Шафхаузен (Швајцарија) и покрај предноста од шест гола.

– Моја одговорност е натпреварот во Љубљана. Морам да поработам на психолошки план, да можеме да играме 60 минути на високо ниво. Евидентно беше дека сме под притисок, бидејќи имавме одлични акции кои не ги реализиравме, а и во одбрана не одбранивме многу напади. Но, тоа во спортот се случува. Најважно е што ние имаме квалитет, па доколку добро се тренира и доколку тимот е заедно, треба да бидеме трпеливи и резултатите ќе дојдат. Можеби овој натпревар доаѓа во ситуација која за нас не е најдобра, но од проблемите се раѓаат можности. Малку ќе ја променам стратегијата и верувам дека тоа на крај ќе вроди со плод – додаде хрватскиот стратег.

Мечот ќе се игра вечерва од 20.45 часот, а заради пандемијата од ковид-19 не е дозволено присуство на гледачи.

Лига Европа

Денеска
17.00 часот Татабања-ГОГ
20.45 часот Еурофарм Пелистер-Тримо Требње

Група „Д“, табела:

1.Рајн Некар 6 бодови (од три натпревари)
2.Три Требње 4 (два натпревари)
3.Кадетен 3 (два натпревари)
4.ГОГ 2 (два натпревари)
5.Еурофарм Пелистер 1 (четири натпревари)
6.Татабања 0 (два натпревари)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот