20.8 C
Скопје

Бабиќ: Хендави го сврте натпреварот

Ракометарите на Е. Пелистер успешно го реализираа зацртаниот план, максимално да ја искористат предноста на домашниот терен (двата натпревари се играа во Битола) и да остварат две победи над Татабања.

Првата средба која се играше вчера заврши со триумф од 21:19, а денеска битолчани славеа со 24:21 и се зацврстија на третото место на табелата во групата Д во Лигата на Европа.

– Тешко е да се игра вака,јас сум уморен, а замислете како им е на играчите кои играа вчера. Среќен сум за победата, иако лошо го отворивме натпреварот. Се разбудивме на полувремето, нашиот голман Хендави беше главна алка во будењето и го сврте натпреварот. Тешко беше да се игра, ама честитки до сите. Покажавме карактер и на крајот победивме за Томислав. Оваа беше тимска победа и му посакувам брзо заздравување на Кушан – изјави тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ.

Пелистерци натпреварите во Лигата на Европа ги продолжуваат за пет дена кога го пречекуваат ГОГ Гудме од кого во првиот дел од сезоната загубија со минимални 30:29.

Поврзани вести

ВИДЕО: Не издржаа, се истепаа англиските и шкотските фанови

Слободен печат

Храбрата Шкотска и зеде бод на Англија

Слободен печат

Хрватите очајни: Спори сме, не заслуживме повеќе од реми

Слободен печат

Ѓоковиќ го продаде станот во Мајами за шест милиони долари

Слободен печат

ФОТО: Фудбалерите го „сефтосаа“ теренот на „Јохан Кројф“ арената

Слободен печат

Навивачите на Парма не му простуваат на Буфон: Си замина како платеник, сега не може да се вратиш како херој

Слободен печат

Остави Коментар