Бабиќ: Бевме казнети за предвидливата игра

фото: РК Е. Пелистер

Тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ, смета дека поразот од 24:32 во првиот осминафинален натпревар е сосема заслужен бидејќи Магдебург беше поквалитетен ривал. Високиот пораз значи и елиминација на битолчани од Лигата на Европа бидејќи речиси неверојатно е Е. Пелистер да го победи фаворитот на негов терен и тоа со девет гола. Далеку поважен натпревар за Е. Пелистер е саботното дерби со Вардар во домашното првенство.
– Честитки за победата, честитки за тренерот. Тргнавме многу бавно, бевме предвидливи во нападот, а со таква игра против вака квалитетен тим знаеш дека ќе бидеш казнет. Игравме пречесто во овој период и можеби затоа ја загубивме силата на овој меч. Но, треба да се напомене дека игравме против одлична екипа, која е составена од голем број медалисти од големите натпреварувања. Ни следи важен меч со Вардар во домашниот шампионат, а потоа и реваншот во Германија. Штета што не успеавме да уловиме голема риба како што најавивме – изјави Бабиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот