Бабата на бебето кое почина во Швајцарија иако позитивна на Ковид-19 си заминала од Инфективна

Фото: Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес конференција изјави дека бабата на десетмесечното бебе кое почина од компликации од инфекција од ковид-19, иако позитивна на коронавирусот на свое барање сакала да замине од Клиниката за инфективни болести, а дури по асистенција на Министерството за внатрешни работи соработувала за епидемиолошката анкета.

-Бабата сакаше да замине од болница, констатирано е дека може да биде на домашно лекување. Имавме и уште еден таков пациент, кој доби решение за домашно лекување. Бабата не сакаше да соработува, и со асистенција на МВР, направена е анкета и според нејзиното кажување, од нејзините контакти во близина, никој нема добиено решение за самоизолација, рече министерот Филипче.

Според информациите до кои дојде НОВА, таа од клиниката си заминала во саботата, неизлекувана, а тестот кој и бил земен повторно се покажал позитивен. Но бабата не го ни чекала, се потпишала и си отишла дома. Нема информации со кого си заминала од клиниката, некој ја земал од таму.

Поради тоа што не одговарала на телефонските повици и никој не отворал на адресата каде што живее, била побарана асистенција од МВР, по што еден ден подоцна, во неделата и било доставено Решение за самоизолација. Во епидемилошката анкета не дала никакви податоци од луѓе со кои контактирала, а дали ќе ја почитува самоизолација треба да контролира полицијата.

Извори од клиниката посочуваат дека бабата во тие неколку дена престој плачела, викала, инсистирала по секоја цена да си оди дома што фактички било невозможно да ја задржат на лекување. Таа имала лесна клиничка слика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот