Баба од Мадрид на 99 години ја победи короната, им се врати на омилените серии и игри на таблетот

epa08726239 A woman leaves Henares Hospital in the town of Coslada, Madrid, Spain, 07 October 2020. Some 30,000 nurses and health workers are called for a strike in Madrid region to protest against the labor conditions that have been aggravated by the COVID-19 pandemic. EPA-EFE/Fernando Villar

Флорентина Мартин е 99-годишна старица од Шпанија која го победи коронавирусот, успешно се опорави. Се заразила од коронавирусот во септември, на прославата на нејзиниот 99 роденден, кога се собрало семејството и со нив испила пијалок на тераса.

„Мислам дека тоа беше тогаш, на 16 септември, во тој момент сите бевме заедно и без маски“, вели нејзината внука Ниела Вале која отсекогаш стравувала дека нејзината баба ќе заврши сама, на одделение за интензивна нега.

Неколку дена по роденденот Мартин почнала да се чувствува слабо и паднала во постела.

Изложеноста на контаминирано масло од маслинова репа во младоста ѝ оставило долготрајни здравствени проблеми и ѝ ја зголемило чувствителноста на респираторни компликации од ковид-19.

Меѓутоа, имала само благи симптоми и се опоравила во куќата во Мадрид со помош на своето семејство, негователката Олга Арауз и верната пријателка Луна.

Сега повторно ќе може да ги гледа своите омилени емисии и да игра игри на таблетот.

„Добро ми е, навистина сум ок“, рече Мартин, а сеќавањата на вирусот се уште и се матни.

Иако бабата се опоравила, внуката Вале која е биолог, се уште се држи до тоа да носи маска кога ја посетува. „И натаму сум претпазлива, но секако, чувствувам големо олеснување“, рече таа.

Со над милион случаи, Шпанија има најголем број заразени од коронавирус во Западна Европа.

Повеќе од 34.000 луѓе починаа поради коронавирусот во таа земја, а најмногу постари од 80 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот