Баба обвинета за убиство на своите два внука кои умреле додека таа ги чувала

САД Полиција/ Фото: Chris Howes/Wild Places Photography / Alamy / Alamy / Profimedia

Баба од Флорида е обвинета за убиство од небрежност поради смртта на нејзината 7-месечна внука, која починала откако била заборавена во автомобил на висока температура, помалку од една година откако нејзиниот друг внук се удавил во езерце. Трејси Никс (65) на 1 ноември ја чувала својата седуммесечна внука Уриел Шок, кога бебето било пронајдено мртво на задното седиште од нејзиниот автомобил, пишува „Њујорк Пост“.

Нејзиниот автомобил бил паркиран со сите прозорци спуштени пред домот на Никс во малиот град Ваучулу, каде што температурите се искачиле над 30 степени на тој есенски ден. Во куќата, Никс, поранешна директорка на училиште, го прошетала своето куче и седнала да свири клавир.

Кога подоцна ја испрашувала полицијата, бабата рекла дека едноставно заборавила на својата внука откако се вратила дома од ручек со пријателите. Дури кога пристигнало едно од нејзините други внуци, вели таа, и паднало на памет дека бебето Уриел цело попладне било во автомобилот. Сопругот на бабата, Неј Никс, го пронашол бебето кое веќе било починато.

Девојчето починало 11 месеци откако нејзиниот 16-месечен брат Езра се удавил во езеро додека го чувала истата баба. Тоа се случило три дена пред Божиќ 2021 година, а Никс наводно дремела на кауч. Кога се разбудила и не можела да го најде своето мало внуче, го повикала сопругот за помош.

Езра подоцна бил откриен во езерото пред куќата на неговата баба. Откако добила повик за нејзиниот син, мајката на децата, Каила Никс, трчала до домот на нејзината мајка и доживеала директна несреќа додека била бремена со Уриел во шестиот месец.

„Ми се исклучија сите воздушни перничиња, не се сеќавам како излегов, но излегов и почнав да трчам кон куќата на моите родители без чевли на себе. Тоа беше мојот очајнички обид да стигнам до мојот син“, рече Каила.

Каила и нејзиниот партнер Дру Шок рекоа дека воопшто не и веруваат на Трејси по смртта на нивниот син во давење и дека никогаш нема да го пуштат нивното најстаро дете (4) да оди во нејзината куќа. „Бевме вознемирени, но јас ја сакав мајка ми и на некој начин ја сакав во мојот живот, па во тој момент помислив дека можам да и дадам втора шанса“, рече Каила Никс.

Каила Никс изјави дека на 22 ноември ја оставила својата ќерка на мајка и затоа што ги познавала и им верувала на луѓето со кои одела на ручек. За неколку часа, офицер од канцеларијата на шерифот на округот Харди се појавил во нејзината куќа и и рекол дека нејзиното дете е мртво.

Адвокатот на Трејси Никс, Вилијам Флечер, ја опиша смртта на Уриел во врелиот автомобил како очигледна несреќа и додаде дека бабата била целосно уништена од смртта на нејзините два внука. 65-годишната сега може да се соочи со затворска казна од 12 до 30 години доколку биде прогласена за виновна за тешко убиство од небрежност.

„Ако сакам да бидам објективна, таа треба да оди во затвор“, рече Каила Никс. „Како нејзина ќерка ме убива да го кажам тоа. Како нивна мајка тоа го барам. Ќе се борам за нив“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот