Баба Фикрије од Тетово има 107 години: Порано бев сиромашна, сега без внуците уште посиромашна

Баба Фикрије е родена во 1914 година

Баба Фикрије Љоки од Тетово, родум од Косово, поминала низ многу премрежија – војни, голема сиромаштија, преселби, самотија, губење на најблиски, па и на нејзиното чедо, постариот син, но борбата и волјата за подобро утре ја одржува во животот, пишува ММС.мк

Баба Фикрије има 107 години, родена е на 10 јануари 1914 година и таа е меѓу најстарите жители на земјава.

Баба Фикрие сега има 12 внуци, кои ги добила од трите деца. Едниот син бил гастарбајтер и починал од рак во Данска, каде сега живеат неговата сопруга и децата. Нејзината ќерка е омажена во гостиварски Калник. Сега во оваа голема куќа на три ката во Тетово таа живее со помладиот син Раим. И тој е печалбар, сопругата и трите деца му се во Швајцарија, но тука во Тетово дошол да се грижи за неговата долговечна мајка.

-Да дојдевте пред три месеци ќе ја затекневте во одлично здравје, и физички и умствено. Но, пред три месеци мајка ми доби излив, па памтењето не ја служи многу, и не е толку подвижна како порано, вели нејзиниот помлад син Раим.

Тој вели дека баба Фикрије била и маж и жена во семејството. Откако со нејзиниот сопруг дошла од Косово во Македонија во 1956 година ,заедно се грижеле за децата, но тој после седум години починал и оттогаш, од 1963 година, се било на нејзин товар.

-Нејзината активност, борбата и грижата за нас можеби е рецептот за нејзинот долг живот. И гените се пресудни, затоа што и нејзините седум сестри живееле над 90 години, вели за ММС нејзиниот син Раим.

Таа никогаш од ништо не се откажала, се што замислила, посакала и рекла остварила. Раим вели дека Господ ја чувал, оти „знаел дека за нас го мисли и го прави најдоброто“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот