Баба Анујка е првиот сериски убиец од Банат: Од нејзината „магична вода“ починале меѓу 50 и 150 лица

Baba Anujka
Фото: Принтскрин / Instagram

Во првата половина од дваесеттиот век, во банатското место Владимировац се одвивала вистинска филмска, за жал, трагична приказна, пишува „National Geographic“.

Постојат неколку извори кои зборуваат за животот на Ана ди Пиштоња, попозната како баба Анујка, а најмногу раскажала самата таа за време на нејзиното апсење и судењето.

„Волшебната вода“ на Анујка убила помеѓу 50 и 150 лица, а таа стана позната како серискиот убиец од Валдимировац.

Ана ди Пиштоња е родена како Ана Дракшин или Дракин, а според нејзините зборови, е родена во 1837 година. Татко ѝ бил богат селанец од Војводина, кој со своето семејство се преселил од Романија во Петрово Село (тогашното име на Владимировац) во 1849 година, во воениот регион Банат на монархијата Хабсбург. Тој ѝ обезбедил добро образование на својата ќерка, а таа била особено заинтересирана за хемија.

Анујка се омажила за дваесет години постариот сопственик на имот Пистов или ди Пистоња, со кого имала 11 деца, од кои само едно доживеало полнолетство. Нејзиниот сопруг починал по дваесет години брак, а Анујка потоа се вратила на изучување на хемија.

„Колку тежи овој проблем?“

По смртта на сопругот, Анујка претворила дел од куќата во импровизирана лабораторија и низ целиот Банат станала позната како исцелител и билкар. Најчесто дамите доаѓале на смеење и пијалаци, но честопати и млади мажи кои сакале да бидат ослободени од воена служба, затоа што нејзините пијалаци им помагале да се разболат.

Баба Анујка имала кафеана, па била во контакт со голем број на значајни луѓе, а имала и соработници во други села кои нејзините пијалаци ги препорачувале на очајни жени.

Смесата на Анујка била позната како „магична вода“ или „љубовна напивка“ и речиси секогаш на клиентите им го поставувала истото прашање: „Колку тежи овој проблем?“, притоа мислејќи на телесната тежина на жртвата. Иако клиентите верувале дека станува збор за магија, Анујка ставала отров во нивните пијалаци, најчесто арсен, а откако ќе дознаела колку е тешка жртвата, знаела и колку отровна материја треба да стави. Клиентите добиле детални упатства за употреба од неа, со „пророштво“ дека проблемот ќе исчезне на осмиот ден од почетокот на „терапијата“. А што навистина се случувало? Жртвите умирале на осмиот ден, но, не поради моќта на Анујка, туку поради нејзините точни пресметки на количината на отров во однос на телесната тежина на клиентот.

Анујка, заедно со соработниците, работела во областа Банат цели четириесет години. Обвинувањата делумно стигнале до австро-унгарските власти, но немало одговор, бидејќи Анујка плаќала даноци правилно и живеела мирен живот.

Откривање на убиствата

Кога под сомнителни околности, починал и втор човек од блиското окружување на извесна Стана Момиров, полицијата ја повикала оваа жена на распит.

Откако починал првиот сопруг на Стана Момиров, Лазар Лудошки, таа повторно се омажила. Кога, набрзо потоа, починал и богатиот чичко на вториот сопруг на Стана, полицијата одлучила да го испита случајот.

„Волшебната вода“, Стана ја купила од баба Анујка, со која го убила првиот сопруг, во јануари 1924 година за 2300 динари.

Баба Анујка ја продавала својата „волшебна вода“ и на друго семејство Момиров, Сима и Софија, во декември 1926 година за 5000 динари. Тие имале намера да го убијат таткото на Сима, Никола, кој наводно бил насилен кон нив и нивните деца.

Меѓу случаите за кои ѝ се судело, била и смртта на Гаја Прокин, здрав шеесетгодишник, богат вдовец, кој заработил пари во Америка. Тој им го поделил наследството на своите синови, а на својата внук Милан му ветил осум хектари земја, кои требало да ги добие по неговата смрт. Милан и неговата сопруга биле нетрпеливи, па се свртеле кон, тогаш веќе познатата, баба Анујка. За тој случај, со Анујка работела и нејзината најблиска соработничка и студентка Љубинка Миланков, која направила отров за клиентот според рецептот на Анујка, но не доволно силен. Гаја се обратил на лекар, но починал на 29 декември 1927 година. Откако била извршена обдукција поради сомнителна смрт, било утврдено дека тој е отруен.

Судење

Првото судење на Баба Анујка било во јуни 1914 година во Бела Црква, меѓутоа, поради недоволно докази тогаш била ослободена.

За второто судење, властите биле подобро подготвени. Баба Анујка имала неколку соработници, од кои некои, незадоволни од наградите што ги добиле, со задоволство сведочеле против неа. Биле извршени неколку ексхумации и кај сите биле пронајдени честички од арсен и жива. (Голем број клиенти одбиле да ги ексхумираат телата на нивните роднини, за да не се доведе во прашање нивната вмешаност, односно тоа дали знаеле или не дека баба Анујка продава отров.)

Против баба Анујка било поднесено обвинение за убиство на Никола Момиров и Лазар Лудоски. Таа била уапсена на 15 мај 1928 година, на нејзини 90 години. Пресудата е донесена на 6 јули 1929 година. Анујка била осудена на 15 години затвор за соучество и во двете убиства.

Смрт

Постојат две приказни за тоа како завршила приказната на бабата Анујка, серискиот убиец од Владимировац. Едната вели дека Анујка била ослободена на 98-годишна возраст, по осум години затвор поради старост, и починала две години подоцна во нејзината куќа во Владимировац, кога имала околу 100 години. Други извори велат дека била во затворот Пожаревац сè до почетокот на Втората светска војна во Србија, кога германските војници ја ослободиле од занданата. Според овие извори, таа живеела до 104 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот