Азиските берзи го следат растот на „Wall street“ – инвеститорите се надеваат на вакцина и поттикнувања

„MSCI“ индексот кој се однесува на азиско – пацифичките акции, без јапонските, забележа раст од 1,5 отсто, и ова е најголема разлика за период од 4 месеци.

На азиските берзи денеска беше забележан раст на акциите, исто како и на „Wall street“ еден ден претходно, бидејќи инвеститорите се оптимисти за новите потенцијални економски мерки и можната вакцина против корона вирусот.

„MSCI“ индексот кој се однесува на азиско – пацифичките акции, без јапонските, забележа раст од 1,5 отсто, и ова е најголема разлика за период од 4 месеци.

На берзата во Токио индексот „Nikkei“ зајакна за 0,8 отсто, додека цената на акциите во Шангај, Сингапур, Јужна Кореја, Хонг Конг и Австралија порасна од 0,1 до 1,9 проценти.

Азиските инвеститори се охрабрени од вчерашниот раст на цената на акциите на „Wall street“, како и од растот на индексот „Nasdaq“.

Ваквиот оптимизам пред се е поради надежта дека наскоро ќе биде развиена вакцина против корона вирусот особено што неколку проекти веќе ветуваат резултати.

Поради ваквите најави од неколку фармацевтски компании инвеститорите го игнорираат растот  на новозаразени во светот.

Во светот до сега се заразени повеќе од 14 милиони лица, а починаа повеќе од 600 илјади.

Само во САД бројот на смртни случаи надмина 140 илјади, а бројот на заразени 3,7 милиони лица и притоа во 42 од 50 држави се бележи растечки тренд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот