АЗИСКА ПРЕМИЕРА: „Македонисимо“ со Трпчески и пријателите беше изведен во Јужна Кореја

Музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите имаше азиска премиера со серија од 3 концерти во Јужна Кореја.

– Приемот на кој наидуваме е одличен и единствена разлика е тоа што дел од публиката, како претпазливост од коронавирусот, е со заштитни маски. Се радуваме од реакцијата на публиката на темите од македонскиот фолклор, а нивната почит е изразена и со раритетна можност во програмата делата да бидат најавени и на кирилица на македонски јазик – изјави Трпчески, кој на своите домаќини да им ги честитал четирите Оскари што ги освои филмот „Паразит“.

Во „Македонисимо“, новата димензија на македонската музика низ музичката обработка на композиторот Панде Шахов, покрај Трпчески настапуваат и Александар Краповски на виолина, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и на кавал, зад удиралките е Влатко Нушев, а на виолончело е Паскал Краповски, известија од „Култур Оп“.

Светската премиера на „Македонисимо“ се одржа на 18 мај 2017 година на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија, а делото сѐ уште немало премиерна изведба пред македонската публика.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 18, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 15-16 февруари 2020 година)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот