Азири ги прашува Заев и Спасовски: Кои се поопасни за државата старите лица или наркобосовите!

Елми Азири-Алијанса за Албанците/ Фото: МИА

По скандалот објавен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за издавање на државјанство и лични документи од МВР на балкански наркобосови, реагираше и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Од оваа партија, како предлагачи на законот за државјанство, јавно ги прашуваат премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, дали по овој скандал ќе го прифатат нивниот предлог.

-Во Република Северна Македонија полесно е криминалци и дистрибутери наркотици да добие државјанство  отколку граѓанин кои е роден и израснат во оваа земја. Истите Оливер Спасовски и Зоран Заев беа против законот за државјанство предложен од Алијанса за Албанците и Алтернатива, не прифаќајќи ги предложените олеснувања за граѓаните да добијат државјанство. Затоа, ги прашуваме Зоран Заев и Оливер Спасовски со колку сведоци овие 214 криминалци добиле државјанство. Како е можно овие да го поминале филтерот МВР и да не се опасни за државата. Кои се поопасни за државата постари лица, од 70, 80, 90 години или овој криминалец. Јавно прашуваме дали по овој скандал ќе го прифатите нашиот предлог и дали ќе гласате за нашиот предлог за државјанство – изјави пратеникот на коалицијата Алијанса-Алтернатива, Елми Азири.

Во врска со бројот на граѓани без државјанство, координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, вели дека треба да се свртиме кон институциите, бидејќи точниот број го имат тие.

– Во однос на Законот за државјанството, институциите треба да дадат по прецизен и јасен одговор. Во однос на бројот на сите граѓани кои добиле државјанство, а особено се повикавме на бројките поврзани со Албанците кои ги даваат институциите, за време на владата на ДУИ, над 13 илјади Албанци добија државјанство, додека во процес се 2674 – истакна Адеми.

Села и Гаши чекат „абер“ од Заев за средба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот