Азија за прв пат во 70 години нема да забележи економски раст

Запирање на растот на брзорастечката азиска економија поради пандемијата на коронавирусот е далеку поголемо отколку во време на светската финансиска криза во 2008 и 2009 година и падот на азиската економија во 1997 и 1998 година, известуваат од ММФ.

Азија ќе помине подобро од другите региони, но факторите што ќе ја влошат надворешната побарувачка во Европа и Северна Америка, каде се очекува сериозна рецесија, ќе ја нарушат еконимијата во овој дел од светот. Азискиот регион за прв пат од шеесеттите години од минатиот век нема да оствари економски раст, изјави Чанг Џонг Ре од Азиско-пацифичкиот оддел на Меѓународниот монетарен фонд.

Запирање на растот на брзорастечката азиска економија поради пандемијата на коронавирусот е далеку поголемо отколку во време на светската финансиска криза во 2008 и 2009 година и падот на азиската економија во 1997 и 1998 година, известуваат од ММФ.

Економскиот раст во најголемата азиска еконимија, Кина, каде започна пандемијата кон крајот на 2019 година, ќе се намали од 6,1 проценти во 2019 година на 1,2 проценти оваа година, очекува ММФ.

Втората најголема азиска економија, Јапонија, би можела да ги намали активностите за 5,2 проценти, а Тајланд, каде туризмот учествува со околу 10 проценти во бруто домашниот производ, ќе се соочи со пад од 6,7 проценти, оценува ММФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот