Ажурирана апликацијата „МојДДВ“ и на Плејстор за скенирање на фискалните сметки

Управата за јавни приходи информира дека прилагодената верзија на апликацијата МојДДВ од денес е достапна и на Google playstore. Корисниците на апликацијата треба првин на направат ажурирање (update) на МојДДВ на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ да одберат „напреден“.

Управата за јавни приходи исто така информира и дека е во тек исплатата на дел од ДДВ изразено во фискалните сметки кон корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тримесечје од 2022 година, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил на www.e-pdd.ujp.gov.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот