Азески: Учеството на образованието во Буџетот да се зголеми од 3,5 на 5 проценти

Бранко Азески

Учеството на образованието во државниот буџет да се зголеми од 3,5 отсто на 5 проценти, предлага претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

Во неговата денешна анализа објавена на интернет страницата на Комората, Азески нагласува дека и да не беше КОВИД-пандемијата, недостигот од стручен клучен ќе останеше најголемиот проблем на компаниите.

Азески укажува на потребата од креирање релевантна уписна политика според потребите на компаниите на локално и регионално ниво, модернизирање на стручното образование и обука преку  идентификување на потребите на компаниите, квалитетна реализација на практичната обука и зајакнување на социјалниот дијалог.

-Сето ова што го зборуваме не може да се реализира ако една влада не е подготвена на радикален чекор, а тој чекор е многу едноставен – учеството на образованието во буџетот од 3,5 да се зголеми на 5 отсто сега и веднаш, се разбира, во мандат од четири години, секоја година по 0,30 отсто, но однапред декларирано и без измени, наведува Азески.

Според него, сите зборуваме дека сакаме да живееме во развиена и богата држава, но клучот за економски развој на земјата се вложувањата во квалитетно образование. Тоа значи зголемување на финансиските средства што ќе одат за образование.

-И доколку не беше пандемијата, клучен проблем за реалниот сектор и натаму ќe беше недостигот од стручен кадар со релевантни вештини и компетенции, кој би можел веднаш да се вклучи во работните процеси на компаниите. Тоа е и причина Стопанската комора сериозно да го третира сегментот образование и да продолжи со претходно почнатите активности, кои од почетокот на 2021 година се однесуваат на изготвување нов закон за стручно образование и обука, како и на кампањата „Учи паметно, работи стручно” за унапредување на стручното образование и обука и за креирање уписна политика по мерка на бизнис-заедницата, наведува Азески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот