Азески: Собранието да не ги кочи економските закони

Фото: mia.mk

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска, од работната средба со вицеопрмеиерот Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, упати апел до сите парламентарни партии, на денешната собраниска седница која се одржува по подолго време, да ги изгласаат економските закони.

Секое кочење на законите, напомена Азески, значи сериозен удар за стопанството и компаниите. Опозицијата и другите партии, порача, да имаат предвид дека за бисниот е важен секој денар и секој ден, особено во ваква ситуација, како што е актуелната со ковид 19.

-За денеска е најавена седница на Собранието по подолго време на која треба да поминат некои закони. Сакам да упатам апел до сите парламентарни партии, да имаат предвид во каква ситуација се наоѓаме и да направат максимални напори економските закони да ги пропуштат. Иако има добра волја од страна на Владата, со кочењето се создаваат лоши импути врз економската позиција на компаниите. Опозицијата и другите партии да го имаат тоа предвид зашто секоја пара и секој ден ни се значајни во оваа ситуација во која се наоѓаме, истакна Азески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот