Азески: Отворен Балкан ќе биде интерес за бизнисот, макар и да останат само две земји

Бранко Азески, Стопанска комора на Северна Македонија/Архива на Слободен печат

Синоќа, како тема на денот, на телевизијата Euro news Србија, гостуваше претседателот Азески, заедно со Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), кадешто се анализираше вчерашната расправа на „Open Balkan” форумот.

Ние со 18,5 милиони жители, шест земји од Западен Балкан, пред почетокот на пандемијата имавме 111 милијарди БДП. Чешка со 10,7 милиони жители има 215 милијарди. Што сакаме повеќе како причина да почнеме да се приближуваме и да почнеме нешто конкретно да работиме? 30 години ни беа потребни. Нека се отворат границите за бизнисмените, овде се работи за бизнис, не за политика, рече Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија.

Министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Томислав Mомировиќ посочи дека создавањето на единствениот пазар, почитувајќи ги сите различности, не е веќе идеализам, туку реалност и потреба на бизнисот.

Момировиќ е еден од двајцата сопственици на познатиот бренд „Мона”, кој покрај модната индустрија, ја разви и туристичката дејност. Има 39 години, успешен стопанственик и министер на еден од најважните ресори во Владата на премиерката Ана Брнабиќ.

Ненад Ѓурѓевиќ, како конкретна придобивка од овој процес, ги посочи спогодбите потпишани меѓу трите земји, Србија, Северна Македонија и Албанија, во областа на земјоделството, слободниот пазар на труд и интегрираните системи за електронски услуги. Посочено беше дека граѓаните од овие зеемји можат да поминуваат граница со лична карта, а на следниот самит на Отворен Балкан, што ќе се одржи во Македонија, ќе започне процесот на издавање единствени идентификациони картици. со кои работниците од трите земји на Отворен Балкан би имале пристап до сите пазари.

Во заклучните согледувања, како да се соочиме со отпорот за реализација на оваа иницијатива, Азески истакна дека, како што во градежништвото постојат три важни работи: локација, локација и локација, така во овој процес постои потреба од имплементација, имплементација и имплементација. Макар и на две или три битни прашања.

Берлинскиот процес, „Отворен Балкан” и евроинтеграциските процеси на сите земји кои се дел од овие иницијативи се комплементарни, а не спротивставени процеси и претставуваат чекор напред кон придобивките од регионалното економско поврзуваање, како клучен приоритет, беше заклучено на Форумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот