Азербејџанците го возвраќаат ударот: Уништивме 200 тенкови и оклопни возила на ерменската армија

Фото: EPA-EFE/NKR DEFENSE ARMY / HANDOUT ATTENTION: EPA is offering an image from an alternative source and cannot provide confirmation of content, authenticity, place, date and source. HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека најмалку 200 тенкови и оклопни возила на ерменската армија биле уништени за време на четиридневните судири, јави агенцијата Анадолија.

– Уништени се и 228 топовски и ракетни системи, 30 системи за противвоздушна одбрана, шест командни зони и набљудувачки пунктови, пет складишта за муниција, 110 воени возила и еден ракетен систем С-300″, се наведува во соопштението.

Ерменските сили изведоа нови напади врз азербејџанските населби и позиции во неделата наутро, а азербејџанските сили одговорија со напади врз ерменските позиции. Ерменските власти викендот прогласија општа мобилизација и воена состојба поради конфликтот во регионот на Нагорно Карабах, а азербејџанските власти, исто така, прогласија воена состојба за 19 области, вклучувајќи го и главниот град Баку.

Од 1991 година, ерменската армија незаконски го окупира Нагорно-Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан. Четири резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупаторските ерменски сили од Нагорно-Карабах и седум други окупирани азербејџански региони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот