Азербејџан тврди дека е тешко ранет лидерот на Нагорно Карабах

Арајик Арутјунјан

Лидерот на самопрогласената република Нагорно Карабах, Арајик Харутиунијан е сериозно повреден во нападот на азербејџанските сили, тврди помошникот на азербејџанскиот претседател, Хикмет Хаџиев.

– За време на хируршки прецизниот напад на азербејџанската армија, Арајик Харутиунијан, лидерот на самопрогласената република Нагорно Карабах, е тешко ранет, рече Хаџиев, пренесува ТАСС.

Овие трвдења ги демантираше портпаролот на министерството за одбрана на Емернија.

-Азербејџанците повторно шират лажни вести во локалниот и меѓународниот печат за наводна повреда на претседател Арајик Харутиунијан. Дозволете ми веднаш да кажам дека ваквото тврдење е лажно. Во моментов се наоѓа во исклучително добро здравје, ги исполнува своите должности, вели портпарол.

ТЕНЗИИТЕ СЕ ЗАСИЛУВААТ: Гранатиран главниот град на Нагорно Карабах (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот