Азербејџан почна големи воени маневри при ескалација на тензиите со Ерменија

Фото: Миа.мк

Азербејџан почна големи воени маневри денеска во услови на ескалација на тензиите со соседна Ерменија, јави ДПА. До 15.000 војници, 300 тенкови и други воени возила учествуваат во вежбата, што ќе трае неколку дена, соопшти Министерството за одбрана во Баку.

Исто така, ќе бидат распоредени 400 различни ракетни и артилериски системи како дел од маневрите. Во Баку ги отфрлаат обвинувањата од Ерменија за кршење на граничните линии. За време на викендов, Ерменија се закани дека ќе реагира со „мерки” доколку азербејџанските трупи не се повлечат.

Шефот на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел ги повика двете страни да се воздржат и да ја деескалираат ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот