Азербејџан: Општа мобилизација во земјата не е неопходна

Општа мобилизација не е неопходна поради ескалацијата на ситуацијата во Нагорно Карабах, бидејќи армијата е целосно опремена, соопшти Државната служба за мобилизација на Азербејџан.

Претходно, Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација поради последната ескалација на ситуацијата во Нагорно Карабах, а тоа беше сторено и во Нагорно Карабах.

Азербејџанската служба посочува дека се јавуваат и голем број доброволци.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, одржа седница на Советот за безбедност по повод најновите настани. Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека армијата окупирала голем број стратешки точки во Нагорно Карабах.

Алиев: Азербејџан нема да молчи за постапките на Ерменија, имаме загинати и ранети војници

Алиев, изјави дека има загинати и ранети меѓу цивилното население и меѓу војниците откако ерменските сили отвориле оган по линијата на раздвојување.

– Во моментов, нападите врз непријателските позиции се во тек, уништена е воена опрема, рече Алиев.

Ерменија соопшти дека нејзините сили собориле два хеликоптера на Азербејџан и три беспилотни летала. МО на Азербејџан претходно соопшти дека ерменските сили пукале долж линијата на раздвојување и дека има жртви меѓу цивили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот