Азербејџан ја очекува поддршката на Србија околу Нагорно-Карабах

epa08704011 A still image taken from a handout video footage published 28 September 2020 on the official website or the Azerbaijan's Defence Ministry shows allegedly Azerbaijan's artillery fires in direction of the enemy positions deployed in the self-proclaimed Nagorno-Karabakh Republic. The territorial conflict between Azerbaijan and Armenia over the Nagorno-Karabakh territory erupted into an armed clashes on 27 September 2020 along the contact line of the self-proclaimed Nagorno-Karabakh Republic. EPA-EFE/AZERBAIJAN DEFENCE MINISTRY/HANDOUT HANDOUT MANDATORY CREDIT /BEST QUALITY AVAILABLE / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Порталот Нова.рс денеска објави дека војниците на Азербејџан и Ерменија, кои војуваат околу спорната територија Нагорно-Карабах, меѓу другото „меѓусебно се убиваат со српско оружје, бидејќи Србија што јавно, што тајно им продавала оружје на двете страни”.

Амбасадата на Азербејџан во Белград соопшти дека сите акции преземени од оваа земја во судирот со Ерменија се во рамките на нејзините сопствени меѓународно признати граници и дека очекува Србија да биде на нејзина страна во конфликтот.

-Имајќи предвид дека Азербејџан ја поддржува позицијата на Србија за Косово на меѓународната сцена од 2008 година и повикувајќи на постојана и истовремена меѓусебна поддршка на Декларацијата за пријателски односи и стратешко партнерство меѓу Азербејџан и Србија и Акциониот план за заедничко стратешко партнерство, Азербејџан очекува српската страна да даде поддршка и да даде изјава за ова прашање, се вели во соопштението.

Со цел да се спречи следната воена агресија на Ерменија и да се обезбеди безбедност на густо населените области долж линијата на раздвојување, азербејџанските вооружени сили преземаат контраофанзивни и реципрочни мерки, во рамките на правото на самоодбрана и во целосна согласност со меѓународното хуманитарно право, додаваат од амбасадата на Азербејџан во Белград.

Целосната одговорност за ситуацијата е во воено-политичкото раководство на Ерменија, се вели во соопштението.

Порталот Нова.рс денеска објави дека војниците на Азербејџан и Ерменија, кои војуваат околу спорната територија Нагорно-Карабах, меѓу другото „меѓусебно се убиваат со српско оружје, бидејќи Србија што јавно, што тајно им продавала оружје на двете страни”.

-Некои од нив, без сомнение, беа убиени со српско оружје, што државата Србија со години го извезуваше во пријателски Азербејџан, но преку приватни канали, односно преку компанијата на Слободан Тешиќ, а истата воена опрема неодамна стигна и до ерменската армија.

Овој дипломатски пех, предизвика вистински меѓудржавен скандал, кога пред два месеца Министерството за надворешни работи на Азербејџан изрази длабоко разочарување и збунетост поради сознанијата дека Србија продала големи количини минофрлачи и друго оружје од различни калибри во Ерменија, која потоа ова оружје на 12 јули го користела во напад врз азербејџанските полицајци на границата меѓу двете држави.

Документите што излегоа во јавноста, објавени од НИН, покажаа дека со договорот што го потпишал со Министерството за одбрана на Ерменија во 2018 година, Тешиќ испорачал 142.000 мини од различен калибар и 10 ракети Град од 122-милиметари од фабриката Крушик, а транспортирани се и најмалку 100 минофрлачи за мини со калибар од 120 мм од „Прва петолетка”, како и три противвоздушни топови од калибар 20 мм со ознака М55А4 од „Застава оружје”, испратено од аеродромот во Ниш до аеродромот во близина на Ереван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот