Азар може да си оди за 150 милиони евра!

EPA-EFE/ANDY RAIN

Еден Азар си заминува од Челзи, тоа веќе уште од претходно се шпекулира, а сега како што пренесува „Скај Спорт“, лондонските „сини“ за неговите услуги ќе бараат обесштетување од 130.000.000 милиони фунти, што е нешто помалку од 150.000.000 евра.

Ова секако би требало да ги загрижи првите луѓе на Реал Мадрид кои пак ја проценуваат вредноста на играчот на 100.000.000 евра, со оглед на тоа останаа уште 12 месеци од договорот.

Грановскаја е „десна рака“ на газдата Роман Абрамович, таа ја постави ситуацијата така што Челзи не е под никаков притисок кога е во прашање продажбата на фудбалерот.

Се очекува сите финални детали да бидат познати по завршувањето на финалето од Лига Европа наредната среда.

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари пред новинарите рече дека ја почитува секоја одлука на Азар (28) кој на „Стемфорд Бриџ“ дојде во 2012 година од Лил за обесштетување од 35 милиони евра.

За клубот до сега реализираше 108 голови во 351 настап, двапати ја освои Премиер лигата, по еднаш ФА купот, Лига купот и Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот