Азар: Кога би можел да преговарам за Мбапе…!

фото:твитер

Главна задача на спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, ќе биде да остане Мбапе во клубот и после 2022. година.

Двете страни сеуште не се блиску до разговор околу продолжување на соработката, ниту околу новата плата. Луѓето од Париз неодамна го негираа тврдењето дека францускиот репрезентативец има годишна плата од 30 милиони евра.

Леонардо се обидува да го убеди Мбапе да остане во ПСЖ и дека тој е иднината на клубот од Париз. Но, од друга страна, играчот не е сигурен дека нов договор ќе му биде паметен потег.

Талентираниот Французин ќе размисли добро дали да се подготвува за долга кариера во дресот на „светците“ или ќе ја продолжи кариерата во уште поголем клуб со кој ќе цели на најголемите трофеи.

Последните две години во Лигата на шампионите беа разочарувачки за екипата на ПСЖ, а константно доаѓаат шпекулации дека овој играч треба да заврши во Мадрид, поточно во „кралскиот“ клуб.

Неодамна на тема зборуваше и белгискиот интернационалец, Еден Азар кој минатото лето направи трансфер на „Сантјаго Бернабеу“ од редовите на Челзи.

– Во наредните години очекувам тој да биде најдобриот на светот. Има голем талент. Доколку продолжи во овој ритам, ќе биде еден од најдобрите во историјата. Фудбалер секогаш сонува да игра со најдобрите и доколку би можел утре да му помогнам да дојде во Реал, би пробал. Иако, не верувам дека некој би ме прашал за мислење – рече Азар.

Килијан Мбапе оваа година реализираше девет голови за ПСЖ на 12 натпревари, а има и четири асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот