Азар го реши Вест Хем (ВИДЕО)

EPA-EFE/WILL OLIVER

Челси продолжува со одличните партии во последно време и во последниот натпревар од 33 коло на Премиерлигата го совлада градскиот ривал Вест Хем со 2:0 и дојде до третата позиција на табелата.

Главен „виновник“ за третата победа по ред е Еден Азар кој беше стрелец и на двата гола за неговиот тим. Првиот гол го постигна во 24. минута кога ја прими топката на 40-тина метри од противничкиот гол, успеа да помине неколку противнички играчи и со прецизен шут од срцето на шеснаесетникот ја затресе мрежата на Фабијански. Гонзало Игуаин имаше шанса да постигне уште еден гол за „сините“ но ја погоди стативата.

Конечниот резултат го постави Азар во 90. минута со што го однесе Челси на третата позиција на табелата со 66 бодови, два повеќе од Тотенхем кој има и натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот