Азар е тотално разочарување, полош е дури и од Бејл

twitter.com/VamosHazard

Реал Мадрид летото потроши дури 303 милиони евра за засилувања но прикажаните игри на подготовките не ветуваат успешна сезона за „кралскиот“ клуб по што почнаа да пристигнуват и првите критики. На удар се најде првата ѕвезда и најскапо засилување во летниот преоден рок, Еден Азар.

– Азар е вистински хорор, тотално промашување за Реал Мадрид. Ние го критикувавме Бејл, но Белгиецот е уште полош во одбраната, не покажува желба и агресивност кога го носи дресот на Реал Мадрид – напиша новинарот Сантијаго Сегурола.

Сегурола не е непознато новинарско име, тој работеше во двата мадридски весници „Марка“ и „Ас“, и тој смета дека тренерот Зинедин Зидан донесе погрешни засилувања. Освен Азар, на удар на новинарот се најде и засилувањето од Порто, Едер Милитао во кого беа вложени дури 50 милиони евра.

– Едер Милитао не е фудбалер за Реал Мадрид, се чини дека претседателот Перез потроши мног пари но нема подобар тим од минатата сезона – додава Сегурола.

И во останатите медиуми преовладува мислење дека Реал Мадрид нема да има успешна сезона поради конфликтите помеѓу тренерот Зидан и претседателот Перез по што започнаа шпекулации дека Французинот во најскоро време по втор пат ќе ја напушти тренерската клупа. Зидан е разочаран од Перез бидејќи не сака да му ја исполни најголемата желба, да го ангажира Пол Погба од Манчестер јунајтед. Како наследник на Зидан се споменува името на Жозе Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот