Авторката на „Хари Потер“ објави нова бесплатна онлајн книга за децата во карантин

Џ.К. Роулинг ги изненади обожавателите со објавата за нова книга за деца, која од вчера веќе се објавува во делови на нејзината веб-страница и е достапна бесплатно.

„Икабог“ е бајка и прва детска приказна на авторката која не е поврзана со „Хари Потер“, серијата книги за момчето волшебник, која ѝ донесе светска слава.

Роулинг ја напишала „Икабог“ пред повеќе од една деценија за своите деца и решила да ја објави за време на пандемијата, пренесува Би-Би-Си.

– Таа е за децата кои се во карантин, па дури и за оние кои одат на училиште во период на овие чудни, вознемирувачки времиња – изјави таа.

Деловите од „Икабог“ ќе бидат објавувани секој ден од 26 мај до 10 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот