Автопатот Миладиновци-Штип конечно ќе биде пуштен во употреба

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов во интервју изјави дека следната недела ќе биде пуштен во употреба автопатот Миладиновци-Штип.

Тој најавува дека автопатот ќе биде пуштен во промет кон средината на следната недела, откако ќе бидат поставени последните парчиња од заштитната мрежа.

-Во декември добиваме писмо од изведувачот Синохидро дека патот е готов и може да се пушти во употреба, но гледаме дека најмалку 25 отсто од безбедноста мрежа фали. Во проектот ја има, во предмет-пресметките ја има, но во договорот со Синохидро ја нема мрежата. Тука е проблемот и доаѓаат со ситуација како да ја изградите. Влеговте во преговори, земавме цена која најниска на друг пат, по што надзорот даде налог и изведувачот почна да ја изведува – истакна Китанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот