Автономни автобуси возат во Виена (ВИДЕО)

Претпријатието за јавен превоз на Виена – „Wiener Linien“, пред неколку дена во сообраќај ги пушти првите автономни автобуси.

Во автоматски мод, автобусите може да се движат со брзина од 20 km/h, а нивното максимално време на работа изнесува девет часа.

Новите автономни автобуси на електричен погон се дел од проектот во кој биле вклучени Австриското министерство за сообраќај, „Wiener Linien“, Австрискиот технолошки институт (AIT), Организацијата за сигурност во сообраќајот (KFV), TÜV Австрија, Siemens AG Österreich, како и францускиот производител на автобуси Navya.

Целта на проектот била да се воведе автобуска линија со автобуси без возач, во новозиградениот кварт на градот „Seestadt Aspern“, кој е проектиран и изведен со сите карактеристики на паметен град.

Двата нови автобуси најпрво биле цели две години тестирани без патници, а во почетокот на јуни 2019, конечно започнува превозот на првите патници.  Линијата опфаќа 10 станици, а возењето е бесплатно.

Поради сигурносни причини, патниците можат да се превезуваат исклучиво во седечка положба.

Класичен ред на возење не е зададаен, но патниците во секој момент можат да се информираат за актуелното движење на автобусите преку QR код, или интернет страницата на виенското претпријатие.

Во производството на автономните автобуси вложени се 1,5 милиони евра.

Mit dem autonomen Bus durch die Seestadt

Unsere zwei autonomen E-Busse sind seit heute ganz offiziell in der Seestadt unterwegs und können von euch kostenlos getestet werden! ? ? Schaut werktags in den Vormittagstunden doch einfach mal vorbei! www.wienerlinien.at/auto-bus-seestadt

Publiée par Wiener Linien sur Jeudi 6 juin 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот