Автомобилскиот гигант БМВ ќе произведува медицински маски

Од БМВ соопштија дека се подготвени да купат опрема неопходна за производство на заштитни маски.

Германскиот автомобилски гигант БМВ соопшти дека е подготвен да започне производство на медицински маски, изјави генералниот директор на компанијата Оливер Ципсе по средбата со баварскиот премиер Маркус Зедер во Минхен.

Според Ципсе, на тој начин концернот ќе работи за надминување на глобалниот дефицит.

– Наскоро ќе можеме да произведуваме неколку стотици илјади маски дневно, кои ќе се користат за заштита како на нашите вработени, така и за снабдување на општеството, нагласи директорот на БМВ.

Од БМВ соопштија дека се подготвени да купат опрема неопходна за производство на заштитни маски.

Од своја страна, Зедер смета дека таквиот потег е веројатно шанса за подобрување на меѓународната конкурентност во корист на германските производители.

Автомобилскиот гигант веќе се обврзал да и испорача на Баварија 150.000 професионални маски ФФП2 за медицинскиот персонал и еден милион обични маски колку е можно поскоро.

Кон средината на минатиот месец, БМВ соопшти дека ги затвора своите фабрики во Европа и ЈАР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот