Автомобилист и тракторист повредени кај Гостивар

Несреќа со трактор/ Фото: МИА

Возач на земјоделска машина е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера околу 17.20 часот на регионалниот пат Гостивар – Градец во близина на гостиварското село Дебреше.

Според полицијата, во сообраќајката учествувале автомобил „голф“ управуван од И.З.(35) од гостиварското село Добридол и трактор „имт“ со приколка кој го управувал И.Р.(56) од тетовското село Боговиње.

Во незгодата И.Р. здобил тешки, а И.З. полесни повреди. Двајцата повредени биле пренесени во гостиварската болница „Ферид Мурад“, а на местото на несреќата увид извршила екипа од полициската станица во Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот