Автомобил влетал во полн паб со гости во Велес, има повредени

Полиција / Фото: МВР

Синоќа после полноќ автомобил влетал во градската пивница „Паб“ во центарот на Велес, а една жена е полесно повредена, пренесува порталот ММС.

– Вакво нешто немам видено досега. Седевме во пабот, се беше мирно и одеднаш залетан автомобил влезе во кафулето. Го искрши инвентарот кој стоеше надвор, а една жена заврши со лесна повреда, но не е страшно. Другите сме добри, рече девојка која внатре седела со друштвото.

Се очекува МВР денес да излезат со детали околу инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот