Автомобил удрил во велосипедистка во Охрид, со тешки повреди пренесена во болница

Амбулантно возило / Фото: Профимедиа

На крстосницата од улицата „Железничка” со улицата „Будва” во Охрид, патничко возило „опел” управувано од В.Н.(34) од Охрид вчера удрило во велосипед управуван од Е.А.(71), при што велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди.

Од МВР информираат дека по незгодата велосипедистката е пренесена во Општа болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот