Автомобил удрил во мопед, повреден малолетник

Фото: МИА

Вчера во 13.20 часот било пријавено дека во Скопје, на ул. „Цветан Димов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(24) од Скопје и мопед „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Скопје.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот