Автомобил удри во пешак

Фото: МИА

Вчера вечер во село Обрашани возач на „голф“ удрил во пешак, кој од здобиените повреди бил пренесен во болицата во Прилеп.

Во пријавата во СВР Прилеп стои дека во 20:40 часот во село Обрашани, прилепско, патничко возило „голф“ управувано од 51-годишниот С.Б. од с. Пачино Рувци удрил во пешак П.Ш. (53).

Екипи на полицијата и дежурен јавен овбинител излегле на местото и направиле увид, велат од полицијата, додавајќи дека пешакот е пренесен во болницата во Прилеп, каде му е укажана медицинска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот