Автомобил удри малолетен пешак во Кавадарци

Вчера во 19.53 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Шишка” во Кавадарци, на излез од населбата Глишиќ кон с.Марена, патничко возило „фолксваген голф”, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(31) од Кавадарци, удрило во малолетен пешак од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Кавадарци.

Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот