Автомобил удри десетгодишно дете на булевар „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Десетгодишно дете е тешко повредено синоќа во сообраќајна незгода што се случи на булевар „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во Скопје.

МВР соопшти дека синоќа во 21.15 часот е пријавено дека на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин” патничко моторно возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(32) од Скопје удрило во дете пешак на возраст од 10 години. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило детето, по што било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски” за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот