Автомобил повреди пешак во скопски Карпош

МВР денеска извести дека вчера околу 12.20 часот кај нив е пријавено дека на паркинг простор на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“, со шведски национални ознаки, управувано од непознато женско лице, удрило во пешакот В.Т. (76) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата.

Во незгодата со тешки повреди се здобил пешакот В.Т., по што тој бил пренесе во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот