Автомобил поминал на црвено и удрил пешак кај Соборна
Денеска во попладневните часови во Скопје кај Соборниот храм, се случила сообраќајна несреќа, при која автомобил поминал на црвено и повредил пешак.
„Пред 5 мин. на семафорите кај Соборна, Мерцедесот пројде на црвено и го удри пешакот. Беше зелено за пешаци. Викнав 194, пешакот е во свесна состојба. Не видов кој е возачот“, пишува корисник на Твитер.
Пред 5 мин. на семафорите кај Соборна Мерцедесот пројде на црвено и го удри пешакот. Беше зелено за пешаци. Викнав 194, пешакот е во свесна состојба. Не видов кој е возачот pic.twitter.com/eyBPKN8Nui
— zarkov (@grof_Zarkoff) October 21, 2019