Автомобил излетал од патот во кумановско Доброшане, се превртел и бил опожарен 

Кумановските пожарникари во ноќните часови гаселе пожар на превртен автомобил „голф”, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе кај Доброшане, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. СВР Куманово информираше дека возилото излетало од коловозот и дека нема повредени лица.

– Противпожарната служба во текот на ноќта имала интервенција во село Доброшане на превртено патничко возило голф. Пожарникарите интервенирале со едно противпожарно возило и петмина пожарникари од 23:30 до 01: 15 часот, соопшти РЦУК Куманово.

СВР Куманово денеска потврди дека вчера околу 23.30 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, патничко моторно возило „голф”, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ. Ж. (44) од Куманово, излетало од коловозот. Во незгодата е причинета само материјална штета, а екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот