Автомат клубовите АСТРА донираа медицинска опрема во вредност од 20.000 евра на Општа болница Охрид

Продолжува големата хуманитарна акција на асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС.

ЈЗУ Општата болница во Охрид доби 10 електрични кревети како донација, во износ од 20.000,00 евра од автомат клубовите „Астра“. Оваа донација е дел од  хуманитарната акција на компаниите од Групацијата НОВОМАТИК во Македонија.  

Станува збор за акција каде членките на групацијата НОВОМАТИК донираат потребна медицинска опрема на здравствени установи во државата кои се соочуваат со борбата против COVID-19 вирусот.

Како компанија автомат клубовите „Астра“ веруваат дека овој предизвик може да се надмине заеднички, со несебична помош и поддршка онаму каде што е потребно, бидејќи се бориме за заедничка цел, зачувување на нашето колективно здравје.

Креветите се хидраулични со промена на положбата на телото на потребите на пациентот и се наменети за интерното одделение  кое е најфреквентно одделение во Општа Болница Охрид и регионален центар за општа интернистичка патологија со посебни соби за изолација за сомнителни недокажани пациенти од различна патологија кои се поврзани со COVID-19. – изјави Др. Горан Балевски, директор на болницата.


Koмерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот