Автомат клубовите „АДМИРАЛ“ донираа медицинска опрема вредна 20.000 евра на Општа болница во Гостивар

Продолжува големата хуманитарна акција на групацијата НОВОМАТИК во Македонија.

Во ова неизвесно време кога сите се трудиме да го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите најмили, кога здравствените работници и сите здравствени институции силно стојат во првите редови во борба против пандемијата од КОВИД-19 вирусот, се чувствуваме обврзани да пружиме помош онаму каде што е најпотребно.

Автомат клубовите „Адмирал“ кои се дел од Групацијата НОВОМАТИК во Македонија донираа дезинфикциони средства во ЈЗУ Општа Болница во Гостивар, во износ од 20.000,00 евра.

Претходниот период во оваа иста болница компанијата донираше и електронски болнички кревети, се со цел полесно да се справи со зголемената бројка на примени пациенти заразени од КОВИД-19 вирусот.

Оваа донација е дел од хуманитарна акција на повеќе компании, членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија кои донираа болнички кревети и дезинфикциони средства во пет различни здравствени институции во нашата држава. Донираните средствата од целата хуманитарна акција се во износ од 200.000,00 евра.


Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот