Автолитии од Бијело Поље до Бар: Колони автомобили на протест ширум Црна Гора

Фото: Screenshot/Vijesti.me

Во Црна Гора и денеска се организирани автолитии во знак на протест поради усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед, пренесуваат Вијести.

Автолитии се органиизрани во неколку градови – Бијело Поље, Бар, Плужани, Будва и Херцег Нови.

Граѓаните во колона со звуци на сирени протестираа носејќи српски знамиња и крстови.

Литиите кои неколку месеци се одржуваа секој четврток и недела беа прекинати кон средината на март со воведувањето на првите мерки со цел да се сузбие ширењето на коронавирус и прогласување на епидемија на целата територија на Србија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот