Автокино проекции во Неготино, Кавадарци и Демир Хисар: Романтичен викенд со „Ах, љубов моја“

Instagram
Instagram

Жителите на Кавадарци, Неготино и Демир Хисар викендов ќе може да проследат филмски проекции од нивните автомобили. Настанот го организира „Торос филм студио“ во соработка со Министерството за култура.

Во Неготино, проекциите ќе се одржуваат во петок (25 јуни) со почеток во 20:15 часот на игралиштето од спортски комплекс „Младост“.

Во Кавадарци ќе се одржува во сабота (26 јуни) во 20:15 часот на паркингот до „Музички парк“ и на игралиштето во новата населба Демир Хисар на 03.07 во 20:15 часот

Во сите три градови ќе се прикажува филмот „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски и краткометражниот филм „Магнолиа“ на Ана Опачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот