Автогол на Ристевски, без победник на македонскиот дуел во Унгарија (ВИДЕО)

фото: твитер

Кај екипата на МОЛ Фехервар од 76 минута настапи Бобан Николов, а Висар Муслиу не беше во составот поради повреда.

Денеска во рамките од 29 коло во најсилното унгарско првенство ремизираа екипите на МОЛ Фехервар и Ујпешт со резултат 2:2. Во претходното коло Кире Ристевски се запиша во листата на стрелците, но на вечерашниот дуел си постигна автогол.

Во 39 минута во обид најверојатно да ја отстрани опасноста, македонскиот репрезентативец само ја испрати топката во сопствената мрежа за водство на МОЛ Фехервар.

Израмнувањето дојде во 64 минута преку нигерискиот интернационалец Нвободо, а во 73 минута нова позитива за Фехервар благодарение на Николиќ. Белгиецот Херис во 81 минута го постави конечниот епилог.

Кај домаќините од 76 минута настапи Бобан Николов, а Висар Муслиу не беше во составот поради повреда.

На табелата МОЛ Фехервар е на второто место со 56 бодови, 11 помалку зад водечкиот Ференцварош, додека Ујпешт е на седмата позиција со 36 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот