Автобусот на смртта „летал“ по автопатот Скопје – Тетово

Тахографот од автобусот на “Дурмо турс” имал уред за манипулација на брзината. Со активација на одреден електронски уред тој покажува намалена брзина на движење на автобусот од реалната. Автобусот пред несреќата се движел со брзина од 99, а на тахографот покажувал 85 километри на час изјави денес професорот Јосиф Ќосев од факултетот за електротехника и информатика од Скопје на судењето за трагедијата кај Ласкарци кога од автопатот Скопје-Тетово излета автобус на “Дурмо турс” во кој загинаа 16 лица.

– Некој свесно го инсталирал уредот за да ја намалува вредноста која се отчитува на тахографот – изјави професорот Ќосев, кој вршел стручно испитување на тахографот од автобусот.

Професорот Ќосев ги вештачел и другите два тахографи од други два автобуси на “Дурмо турс” кој пред несреќата исто така сообраќале на релацијата Гостивар-Скопје-Гостивар.

– На едниот тахограф се видливи траги од лемење на жици, а на вториот на кутијата има отвор во пластиката за приклучување на жици. Жиците биле залемени во една од точките во делот за манипулација на брзината – рече Ќосев.

Во автобуската несреќа во која на 13 февруари годинава загинаа 16 луѓе, обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се обвинети за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Следното рочиште за случајот „Ласкарци” е закажано за 18 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот