Автобусот на Колинда направил сообраќајка: Повредено дете

Вчера во текот на попладневните часови, изборниот автобус на претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, направил сообраќајна несреќа, при што удрил во друг автомобил.

Откако удрил во автомобилот, возачот на автобусот, во кој била и Колинда, не застанал, туку продолжил со возење.

Оштетената Силвија Солдо во разговор за РТЛ рекла дека несреќата се случила на „незгодна и доста тесна улица“.

– Јас и синот бевме во автомобилот и забележавме дека претседателската поворка оди кон нас. Пред нас имаше автомобил кој сврте малку во десно – рекла Солдо и додала:

– Удрен е целиот лев дел од автомобилот, откорнат е ретровизорот, а најмногу е оштетена задната врата каде седеше мојот син. Тој малку удри со коленото. Малку го боли па мора на преглед кај хирург – рекла Солдо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот