Автобуската авантура заврши, Металург конечно пристигна во Шпанија

фото: РК Металург

Екипата на Металург конечно пристигна во Шпанија до каде патуваше 43 часа и тоа со автобус. Поради пандемијата на коронавирусот, тимот од Автокоманда не можеше да организира авионски превоз до Леон и поради тоа се одлучи викендов да тргна 40-часовен пат со автобус.

„По 3000 км, поминати за 43 часа, Металург конечно пристигна во Леон.
Авантурата на Металург која предизвика огромен интерес во ракометниот свет, среќно заврши пред вратите на хотелот во кој ќе биде сместен нашиот тим. Сите ракометари се добро, сите се расположени и со нетрпение го очекуваат утрешниот натпревар. Утре наутро Металург веројатно ќе го искористи своето право за полесен тренинг, колку да ја осети подлогата во “Палатата на спортовите“ во Леон“, објави Металург на официјалната интернет страница.

Натпреварот од Лигата на Европа со Адемар Леон се игра утре, со почеток во 20.45 часот.

Ракометарите на Металург со автобус ќе патуваат за Шпанија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот